Едно лице потешко повредено во сообраќајка во Скопје

Од:

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди во една од вкупно девет сообраќајки во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет полесно се повредени пет лица, а во три сообраќајки е причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај 51 возач кои се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 25 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден почетник, како и 15 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и 10 возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престројување, 10 возачи за не користење заштитен шлем, четворица возачи за не носење сигурносен појас и 10 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Шест пешаци биле санкционирани за минување коловоз вон пешачки премин.

Затекнати биле 78 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 54 возила.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски