Јапонија одобри експерименти со човечки и ембриони од глувци

Од:

Министерството за образование, култура, спорт, науки и технологии на Јапонија го одобри барањето на неколку научници, за експерименти со хибридни човечки и глувчешки ембриони.

Според списанието „Нејчр“, претходно во земјата важела забрана за работа со ембриони што содржат клетки на човек, како и какви било експерименти со мешани ембриони постари од 14 дена. Од 1 март 2019 година, таквите ембриони може да не бидат уништувани и две седмици по создавањето, а дозволено е и внесување во утробата на женки сурогат-мајки, од одредени животни.

Така, како што наведува изворот, сега билогот Хиромицу Накаучи од Токио може без пречки да врши експерименти со вметнување човечки ткива во глувчји организам, а подоцна да прејде и на поголеми животни.

Накаучи истакнува дека основна цел на неговите експерименти е вештачко создавање панкреас, којшто ќе може да биде пресаден на човек.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови