Американскиот претседател Доналд Трамп му испратил на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун фотографија од нивната средба во јуни во демилитаризираната зона помеѓу Северна и Јужна Кореја.
Висок претставник на Советот за национална безбедност на САД фотографијата од средбата помеѓу Трамп и Ким му ја доставил минатата недела на неименуван севернокорејски претставник, кој истакнал дека Пјонгјанг е подготвен набрзо да ги продолжи преговорите за нуклеарната програма.