Тригодишно девојче од Полска, кое се изгубило во поле ја спасило куче, кое што било со неа цело време и недозволило да замрзне на температура која била во минус.
Девојчето Јулија е пронајдена неколку километри од својот дом, со куче кое лежело покрај неа.
Пожарникарите кои го пронајдоа девојчето сметаат дека на температура од минус пет степени, преживеала само благодарејќи на кучето кое и го свртувало вниманието и не дозволило да заспие и замрзне надвор.
Малото девојче цела ноќ одело и се играло со кучето и на тој начин ја одржувало телесната температура.
Јулила во моментот се наоѓа во болница, на закрепнување.
Речиси 200 луѓе биле вклучени во потргата за Јулија, која цела ноќ поминала шетајќи низ полето и шумите во близина на својот дом, во селото Пјержин.
Пожарникарите ја пронашле кога слушнале дека плаче и ја бара мајка си.
Елена Георгиевска