АЛАРМ: Предизборни вработувања, задолжувања и закони без опозиција

Од:

Опозицијата се врати во Собранието. И ако мислеле дека власта не била „работлива“ овој период се излажала.

Еве само дел од „сработеното“.

НОВИ ЗАДОЛЖУВАЊА 

За само три месеци, во периодот декември 2012 и јануари и февруари 2013 година, Владата на РМ ги задолжи граѓаните за нови една милијарда сто четириесет и осум милиони и четиристотини илјади евра. Преку издавањедржавни записи и обврзници Владата се задолжи на внатрешниот пазар за 654,7 милиони евра, а кај меѓународните кредитори (Светска банка, Дојче банк и ЕБОР)за 493,7 милиони евра.

Ова значи дека за само три месеци Владата го задолжи секој граѓанин за дополнителни 574,2 евра, односно секое четворочлено семејство за нови 2.300 евра.

Со новите задолжувања, вкупниот долг на централната власт достигна износ од три милијарди евра

НОВИ ВРАБОТУВАЊА

А убаво се работеше и на вработувањата, „случајно“ периодот беше предизборен. 4.225 вработувања дел на определено, дел на неопределено време, но главно во здравствените установи, Влада на РМ – Секретаријат за спроведување на рамковниот договор, детски градинки, социјални установи и училишни/студентски домови, единиците на локалната самоуправа и локалните комунални претпријатија, во министерства, агенции, Собрание на РМ и во Кабинетот на Претседателот на РМ, во УЈП, 93 во јавните научни установи и на универзитетите, во театрите и другите установи од областа на културата.

По денот на распишување на изборите, (спротивно на законската забрана и јавното укажување од Државната комисија за спречување корупција), вработени се 246 лица.

НОВИ ЗАКОНИ 

И за овие месеци, пратеничката, или поконкретно гласачката машинерија работеше под полна брзина. За само два месеци, во периодот од 24.12.2012 до 25.02.2013 година, гласачката машинерија на Владата сместена во Собранието на РМ (во отсуство на опозицијата) изгласа 90 закони, од кои само 5 закони се донесени заради усогласување со законодавството на ЕУ. 36 закони беадонесени во скратена постапка, од кои2 за нови задолжувања на граѓаните на РМ кај странски финансиски институции. Во скратена постапка и во отсуство на опозицијата Собранието го измени и го дополни Деловникот на Собранието на Република Македонија, постапка што се коси со основните правила и принципи на демократијата.

Меѓу 36-те закони донесени во скратена постапка се и следниве: Законот за здравственото осигурување, Законот за јавните набавки, Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Законот за државните службеници, јавните службеници, Законот за Владата на РМ, Законот за основното образование, Законот за средното образование, Законот за високото образование, Законот за социјалната заштита, Законот за работните односи, Законот за градење.

За вакво еднаш Трајко Вељаноски се извинуваше пред странците.

(Податоците се од Фондацијата Отворено Општество)

Би можело да ве интересира

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти