Роеви африкански скакулци се приближуваат кои египетскиот главен град Каиро, од како претходниве денови веќе ги запоседнаа јужните делови на Египет нанесувајќи огромни штети на земјоделските производи.
Кон средината на неделава во повеќето регион на југот од Египет веќе беше прогласена вонредна состојба поради „инвазијата“ на скакулците.
Локалните медиуми објавија дека во некои делови на Египет дури „и небото било црвено од огромииот број скакулци“.
Египетското Министерство за земјоделство соопшти дека има доволно количество пестициди за да се справи со оваа наезда и дека веќе му е издадена наредна на Военото воздухопловство да се вклучи во „битката“ против скакулците.