Педофилите да се означат и на Фејсбук

Од:

Според новиот закон донесен во Луизијана, кој ќе стапи на сила од 1. август, сите сторители на сексуални престапи и напади врз деца мораат да го објават информација за својот криминален статус на Фејсбук или на било која друга социјална мрежа, што е прв таков закон во САД.

Законот се појави под притисок на постојаните барарања сторителите на сексуални престапи и напади врз деца да мораат да ги известат во писмена форма нивните непосредни пријатели и училиштата кои им се во близина на живеење.

Законот ги обврзува сите со криминало досие на својот профил да напишат како изгледаат, адреса, делото што го извршиле и казната што ја добиле.

Неколку држави веќе имаат издадено наредба јавно да се откријат сторителите на ваквите престапи како и нивните е-маил адреси и профили на сајтовите, додека други, како што се на пример Тексас и Илиноис целосно им го забранија пристапот на интернет мрежите.

Примерот на Лузијана се очекува да го следат и другите земји.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас