Медитацијата како казна за децата бељаџии

Од:

Традиционално, кога децата на училиште прават проблеми, наставникот по казна им дава некоја општокорисна работа за задача, или ги суспендира. Меѓутоа, основното училиште „Робрет В. Колман“ во Балтимор, Мериленд, САД, има малку поинаков метод – го испраќа детето на медитација, што засега има одличен ефект.

Школото, заедно со околниот центар за медитација покрена посебна програма со којашто децата ќе се натераат и научат да се опуштат, да не реагираат импулсивно и да се обидат да го видат проблемот од повеќе агли.

Програмата вклучува слушање бавна опуштачка музика наутро и вежби за справување со стресот, анксиозноста и други проблеми поради кои децата се немирни и палави. На сеансите, доброволно, може да учествуваат и деца што немаат направено никаква беља.

А пак, она што ќе го научат на часовите, децата препородени, го пренесуваат дома.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето