Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го освои турнирот во Акапулко откако во финалето го победи неговиот сонародник Давид Ферер со резултат 6:0, 6:2.
Со оваа победа, од тронот на турнирот во Мексико, по три години и симнат токму Ферер, кој имаше 19 последователни победи овде. Мечот траеше 66 минути, а првиот гем Ферер го освои дури во вториот сет, при резултат 2:0 за Надал.
Поранешниот број 1, рутински го заврши мечот, губејќи само уште еден гем, за потоа на свој сервис при резултат 40:0 веднаш да ја искористи меч топката за 17-от триумф во вкупно 21 дуел со Ферер.