Еврокомесарот за проширување Штефан Филе се изјасни против организирањето референдум во Албанија, на кој граѓаните треба да се изјаснат за три закони, чие усвојување е од клучно значење за европската перспектива на земјата.
Според Филе, одлуката на албанката Влада да распише реферндум за овие закони, кои се однесуваат на државната управа и на владеењето на правото, е „тешко разбирлива“.
– Повеќепати повторив дека законите кои се однесуваат на процедури треба да бидат усвојувани со консензус меѓу власта и опозицијата, се наведува во писмента изјава на Филе.
Според него, референдумот не може да биде замена за дијалогот меѓу власта и опозицијата и тој не придонесува за изградба на консензус.
Албанската Влада реши да распише референдум откако не успеа да обезбеди двотретинско мнозинство во Парламентот, колку што е потребно за исвојување на трите закони.
Донесувањето на трите закони Брисел го постави како услов за доделување на статусот кандидат за членство во ЕУ на Албанија.