Во новиот Совет на општина Пустец МАЕИ со четири советници

Од:

Во новиот состав на Советот на општина Пустец, партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција има четворица советници.

Споредено со претходниот состав партијата сега има три советнички места помалку.

Во општнскиот совет, кој брои 15 членови, останатите 11 советници се од изборната коалиција „Алијанса за европска Албанија“ предводена од владејачката Социјалистичка партија, од чии редови се шесттмина советници додека останатите пет се од другите партии во коалицијата.

Нов градоначалник на оваа општина е Пали Колефски,од Социјалистичката партија, кој освои 1.505 или 66,84 отсто од гласовите или 646 гласови повеќе од неговиот противкандидат Едмонд Темелко, кој на чело на општината беше три мандати.

Преземањето на функцијата градоначалник од страна на Колефски и конститурањето на Советот во оваа, како и во сите други општини треба да заврши до петти август.

Освен 15-те членови на Советот на општина Пустец, кои се Македонци, уште еден Македонец доби советничко место. Тоа е Индрит Абдиај, по потекло од селото Требиште, Голо Брдо кој и во наредните четри годни ќе биде член на Советот на општина Елбасан. Тој е претставник на партијата на зелените, која беше дел од коалицијата „Алијанса за европска Албанја“.

Би можело да ве интересира

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Бугарска фондација ја тужи партијата на Македонците во Албанија

Катерина Ѓуровски

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

МАЕИ: Не го признаваме пописот во Албанија, се појавија 7957 Бугари наспроти 2281 Македонци

Предраг Петровиќ

Откриена биста на Гоце Делчев во Пустец

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он