(ВИДЕО) Фазлиу: Чаир е под опсада на полицијата на Али Ахмети и на Никола Пашиќ Груевски

Од:

Собранието ги усвои измените во Изборниот законик со кои што на опозицијата и се дава дополнителен рок за да ги достави кандидатските листи за претстојните локални избори кои ќе се одржат на 24-ти март.

Ермира Мехмети од ДУИ реагираше дека ова е политичка несреќа и црно сценарио за Македонија и побара инцидентитре да не се злоупотребуваат за политички цели.

„Изразуваме жалење и апелираме овие инциденти да се решат и да се затворат. Доколку се работи за сценарио, оттука порачуваме ваквите сценарија да бидат институционално казнети“, рече Мехмети.

Остра реакција од Беким Фазлиу од ДПА. Тој рече дека хулиганите од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ го правт тоа.

„Чаир е под опсада на полицијата на Али Ахмети и на Никола Пашиќ Груевски. Ќе платите за крвта на овие деца. Нека одат по ѓаволите. Сите Албанци да се ослободатг од Ахмети и Груевски и да одат во мајчината“, рече Фазлиу кој револтирано почна да удира по говорницата.

ДПА изреволтирани ја напуштија собраниската сала.

Силвана Бонева од ДПМНЕ изрази жалење за инцидентите и потенцираше дека за жал секогаш ова се случува пред Извештајот од Брисел за Македонија.

На нејзиното потенцирање дека нема да има вонредни парламентарни избори, негодуваше опозицијата.

„Жалам за потпалувањето на меѓуетничките односи во Република Македонија, нешто што се случува речиси пред секој извештај за земјата. Сакам да искажам искрено жалење за младите кои се жртви на ваквите сценарија и сакам да испратам јасна порака до сите граѓани во оваа земја да не се вплеткуваат во политички сценарија кои што одат на штета на Македонија“, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева.


Непријатната атмосфера ја пресече Трајко Вељаноски кој ги стави измените во Изборниот законик на гласање. Со ова се отвори пат на 24. март на локалната изборна трка да се натпреварува и опозицијата.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти