Во предлог-законот за Јавно обвинителство на ВМРО-ДПМНЕ, партијата предлага државниот јавен обвинител да одлучува за обвиненијата на СЈО кои до судот се поднесени до закоснкиот рок од 30 јули 2017 година, а тој понатаму да одлучи кому ќе ги делегира предметите.
Објаснувањето кое неодамна го даде лидерот на партијата, Христијан Мицкоски е дека не сите обвиненија на СЈО се за во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
За истрагите и предистражните дејствија отпочнати по тој рок, партијата предложила да биде почитувано начелното правно мислење на Врховниот суд кој одлучи дека СЈО е неовластен тужител по законскиот рок, како и одредбите на Законот за кривичната постапка во делот на незаконитост на доказите. Во сите реченици на предлог-законот партијата користи Република Македонија.
Јавниот обвинител треба да состави посебен извештај за постапките и процедурите кои ги презел за делегирање од СЈО и за тоа да го информира Собранието. Партијата предлага да се зголеми бројот на обвинители во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, како и поголем буџет.
ВМРО-ДПМНЕ, предлага во Обвинителството за гонење организиран криминал и коруцпија да се фомрираат две одделенија: oдделение за истражување и гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција и oдделение за гонење висока корупција на кривични дела сторени од избрани и именувани лица и носители на јавни функции.
Партијата направила и анализа која е појаснета на почетокот на предлог-законот, во која пишува дека од 2015 година до 2018 година биле поднесени помалку кривични пријави против полнолетни сторители на кривични дела за 3.666 лица или 17,40% во 2017 година во однос на 2015 година, односно за 9.459 лица или 44,90% во 2018 година.
„Намален е и бројот на поднесените кривични пријави до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција од 628 во 2015 година на 408 пријавени лица во 2017 година или намалување за 35,30%. Ова се загрижувачки податоци, имајќи предвид состојбата на растечкиот криминал во државата, особено на тешкиот организиран криминал и корупцијата“, пишува во образложението.
„Намалувањето на бројот на кривични пријави не се должи на намалениот криминал во државата, туку напротив, тоа се должи на политизираната селективна правда во пријавувањето на сторителите на кривичните дела“, забележала партијата во предлог-законот.
Во предлог-законот пишува дека има селективно пријавувавње на кривичните дела: „Селективност во пријавувањето и гонењето и недоволен квалитет на пријавите и одлуките втемелени врз политички, а неправни причини за донесената одлука, особено за кривичните дела од огрганизираниот криминал и корупцијата. Само 6,7% од пријавите се решени на тој начин што за нив е донесена наредба за спроведување на истрага. Голема невоедначеност во одлучувањето и големи разлики во постапувањето на јавните обвинителства“.
Советеот на јавни обвинители, според предлог-законот има обврска да започне постапки за усогласување со одредбите на овој закон за именување и избор, во рок од три месеци за јавниот обвинител на Република Северна Македонија, јавните обвинители на вишите јавни обвинителства, јавниот обвинител на јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, јавните обвинители на основните јавни обвинителства и јавните обвинители во јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.