Алиу: По ѓаволите и вашите избори!

Од:

Опозицијата влезе во собранието за да ги изгласаат измените на изборниот законик со кој им се дава можност да ги поднесат кандидатските листи за градоначалници и советници за локалните избори кои ќе се одржат на 24. март.

Од ДУИ во салата влезе само потпретседателката Сузана Салиу. Пред почетокот на расправата Имер Алиу од ДПА побара собранието да не расправа за изборниот законик, туку, за како што рече инцидентите во Скопје.

„13-годишно момче е претепано од полциијата. Зарем е тоа помалку битно од изборите. Хулигани го тепаа ова дете. Нека одат по ѓаволите и изборите“, рече координаторот на ДПА, Алиу, покажувајќи слика од детето.

Во собранието е дадена едночасовна пауза по барањето на Алиу.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи