Заев на „Твитер“: Пред 56 години големиот часовник на Старата железничка станица во Скопје замрзна

Од:

Пред 56 години големиот часовник на Старата железничка станица во Скопје замрзна. Остана да сведочи дека 20 секунди беа доволни да запре животот на градот. Кога се спушти прашината и кога замре злокобниот звук светот ја виде катастрофата. Скопје се сеќава!, напиша премиерот Зоран Заев на „Твитер“ по повод 56-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

Во земјотресот во 1963 година животот го загубија 1.070 луѓе, а 3.000 беа повредени. Во неговата обнова се вклучија голем број држави поради што Скопје уште е познат и како „Град на солидарноста“.

Скопје секоја година го одбележува овој ден со низа манифестации. Денеска, официјални делегации и претставници на институции ќе положат цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот на градските гробишта во Бутел, а традиционалната крводарителска акција ќе се спроведе од 9 до 17 часот во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“.

Во Градскиот парк, кај Школка, вечер во 19:30 часот, со концерт на Градскиот мешан хор „Вардар“ ќе почне концертот со кој Град Скопје оваа година ќе го одбележи 26-ти јули. Потоа ќе следуваат Биг Бендот под водство на Љупчо Мирковски, поп ѕвездата Канита Сума, познатиот грчки хармоникаш Танос Ставридис, српската пејачка на изворни песни Биља Крстиќ и Влатко Стефановски.

Би можело да ве интересира

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција