Како Сталин стана херој во неговата родна Грузија?

Од:

Њујорк тајмс

Ова се само неколку од нештата што ги слушнаа посетителите за време на турнеи на Музејот на Сталин во Гори, мал град во Грузија, каде што се родил поранешниот советски лидер. Јосиф Сталин беше добар пејач. Пишувал песни. За време на неговото владеење биле основани 9.000 државни претпријатија.

Овој музеј, отворен во 1957 година, четири години по смртта на Сталин, однадвор е изграден во строг социјалистички стил, а неговиот ентериер е исполнет со слики, фотографии и лични предмети на Сталин. Лево од влезот има вагон во кој Сталин во летото 1945 година отпатувал на конференција во Потсдам во Германија, недопрени завеси зад прозорите, чие непробојно стакло одамна е заменето.

Тонот со кој се зборува за Сталин е воодушевувачки, трогателен наратив за сиромашното момче кое, и покрај сè, стана најмоќниот човек во земјата. Подовите се покриени со црвени килими. Посмртната маска на Сталин се наоѓа на мермерен столб.

Стеснета меѓу Русија и Турција, Грузија е мала земја позната по својата кујна, прекрасните пејзажи и малку светски познати туристички атракции. Една од нив, за жал, е човекот роден под името Јосиф Висарионович Џугашвили, син на чевлар кој ќе стане еден од најголемите злосторници во историјата на човештвото.

Грузиските власти се најдоа во дилема. Како може една земја, ако тоа воопшто е можно, да го брендира домашниот монструм и да му го продаде на остатокот од светот?

Дел од одговорот на ова прашање можеби лежи токму во она што Грузијците го изоставија. Не се споменуваат гулази, кампови за робови и затвори, кои однесоа повеќе од еден милион животи. Ниту збор за Големата чистка, кампањата на Сталин за прогон и погубувања во триесеттите години.

Само површно се споменува колективизација на советските имоти, што доведе до изгладнување на околу четири милиони Украинци, но ако никогаш досега не сте слушнале за тој ужас, би можело да ви се причини дека тоа било тешко извојувана победа на големиот лидер.

Минатата година Музејот на Сталин го посетиле околу 162.000 луѓе, според Тај Чубиниѕе, повеќе од кој било друг музеј во земјата, а повеќето посетители се од Русија и од Кина.

Сталин евоцира интензивни емоции во земјата во која ги помина првите години од животот, а Грузијците кон него имаат голема почит. Тоа е особено вистина во Гори, каде што луѓето – особено постарите – го гледаат како човек кој изградил царство и ги поразил нацистите во Втората светска војна.

– Тој бил едноставен човек, кој пораснал и станал лидер на голема земја, вели Мера Бчатадзе, 70-годишен пензионер.

– Бил гениј, додава неговиот пријател Гиви Лурсманашиви.

Ваквиот став кон Сталин и неговото наследство за младите Грузијци во најмала рака е вознемирувачки. Тој не само што никогаш не бил сентиментален кон својата родна земја, туку со децении ја тероризирал. Повеќе од 400.000 Грузијци се депортирани, а многу од нив и стрелани.

– Во триесеттите години во Грузија – во однос на големината на земјата – се погубени повеќе луѓе од каде било на друго место, вели историчарот Симон Себаг Монтефјоре, автор на книгата „Младиот Сталин“. – Веројатно поради блискиот однос на Сталин со грузиските лидери.

Со децении откако цврстата советска рака го попушти стисокот, околу Грузија – и во неа – сега сè поприсутна е Русија. Гори е еден од градовите што Русите ги бомбардираа и ги окупираа за време на кусата но жестока војна во 2008 година, по која 20 отсто од земјата заврши во рацете на Русија.

Сепак, изгледа дека на локалното население тоа не му е претерано важно. А олеснителна околност е и што Сталин денес носи многу лари, грузиски пари.

Спроти музејот има повеќе продавници за сувенири во кои се продаваат чинии, шолји за кафе, цегери, пенкала, лулиња, запалки и уште што не со ликот на Сталин.

Јохен Дикман, Германец во музејот, не беше импресиониран.

– Тој тука е херој!, вели негодувајќи. – Има толку познати писатели во Грузија на кои сите се горди. Како да не сфаќаат дека Сталин ги праќал во гулаг и сите ги убил.

Би можело да ве интересира

Бжанија: Останувам на функцијата избран претседател на Абхазија

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Демонстрантите во Грузија упаднаа во парламентот, не сакаат да го напуштат

ВИДЕО: Демонстрантите го презедоа Собранието во Абхазија, претседателот избега

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Граѓаните на Грузија повторно на улица, бараат нови избори

А1он

(ВИДЕО) Десетици илјади луѓе на улиците во Грузија, ја молат Европската Унија за помош: „Ние не ја сакаме Русија“

А1он