Јанукович може да ги помилува Јулија Тимошенко и Јуриј Луценко

Од:

Украинскиот претседател Виктор Јанукович изјави синоќа дека може да ги помилува Јулија Тимошенко и Јуриј Луценко, кои во моментот издржуваат затворска казна.

Тимошенко, која беше поранешен премиер и Луценко, поранешен министер за внатрешни работи во нејзимната Влада, издржуваат пресуди по обвинение за злоупотреба на власта, кои Западот ги оцени како политички мотивирани.

Јанукович изјави дека би разгледал помилување на Луценко, откако ќе завршат судските процедури за обжалување на неговата пресуда.

Во однос на Тимошенко, претседателот најави дека може да размисли за намалување на казната, во случај таа да ја обештети државата за штетите кои ги нанела со нејзините дејствија како премиер.

Тимошенко издржува седумгодишна затворска казна по обвинение за злоупотреба на власта, склучувајќи според судот штетен договор во 2009 година за доставка на природен гас од Русија. Судот исто така пресуди таа да ја рефундира сумата од 109 милиони долари за нанесените штети на Украина.

ЕУ му даде рок на Киев до мај оваа година да го реши случајот со двајцата опозиционери заканувајќи се дека нема да го потпише договорот со Киев за партнерство со Украина. Двајцата осуденици се со влошена здравствена состојба, наведуваат западни медиуми.

Би можело да ве интересира

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Украина треба да плаќа 500 милиони долари годишно само за камата

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он