Сообраќајка на автопатот Велес-Скопје, едно лице тешко повредено

Од:

Kај приклучокот на автопатот од Велес за Скопје, синоќа околу 19:00 часот, се случила сообраќајна незгода во која возило „Опел корса“ со гостиварски регистарски броеви управуван од 23-годишниот Т.З.од Гостивар излетало надвор од коловозот и се превртело, при што, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот И.С (24).

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, повредениот веднаш со возило на Брза помош бил транспортиран во велешката Општа болница.

Поради тешките повреди тој бил упатен на понатамошно лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски