Илир Мета не негира можна коалиција со Еди Рама

Од:

Лидерот на Движењето за социјалистичка интеграција Илир Мета не ја отфрли можноста за изборна коалиција со опозициската Социјалистичка партија на Еди Рама.

– Ние почитуваме сечие мислење, нашите ставови биле јавни и остануваат такви. Ние сме ангажирани за исполнување на нашата задача со ова мнозинство, но остануваме отворени за соработка со Социјалистичката партија и која било друга политичка сила, изјави Мета по средбата со амбасадорите на ЕУ акредитирани во Тирана.

На средбата било разговарано за европската интеграциа на земјата, консензус за трите закони кои го отвораат патот кон европското семејство, како и што потранспарентни и подемократски избори.

– Разговаравме за обезбедувањето на што потранспарентен и чесен изборен процес. Разговаравме за различни политички и економски прашања. Главен приоритет останува интеграцијата, изјавил Мета по средбата.

Илир Мета, кој е поранешен албански премиер а чија партија е дел од владината коалиција, деновиве најави формирање трет политички блок.

– Албанија не смее да остане на политичка позиција земјата да ја води само една мнозинска партија, бидејќи тоа не е добро за демократијата, изјави Мета.

Тој не спомена кои од партиите би можеле да го формираат третиот блок, но рече дека тоа треба да бидат партии што ќе се грижат за спроведување на реформите за интеграција на земјата во Европската унија. Мета во последно време критикуваше и некои владини функционери заради користењето на националистичка реторика, за која оцени дека е штетна за Албанија.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски