Афлатоксин во сите примероци на млеко од Војводина

Од:

Анализите на млеко за присуство на афлатоксин од Србија, работени во Германија, покажале зголемено присуство на токсинот во сите анализирани примероци, соопшти денеска Владата на Војводина.

„Сите 26 примероци испратени во лаборатории во Баден-Виртемберг содржеле повеќе од 0,08 мг/кг афлатоксин“, изјави покраинскиот секретар за меѓурегионална соработка, Бранислав Бугарски.

Девет примероци на млеко се земени од рафтови од војводински продавници на 20-ти феврурари, а останатите шеснаесет на 25-ти февруари, односно по наредбата за повлекување на млекото со приуство на афлатоксин повисок од 0,05 мг/кг,

„Би им препуштил на надлежните државни органи да утврдат евентуална одговорност заради тоа. Сметам дека тоа е сериозно загрозување на јавното здравје“, рече Бугарски.

Тој додаде дека во сите 19 примероци на млеко од 20-ти февруари нивото на афлатоксин било од 0,1 до 0,12 мг/кг.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ