Нов топлотен бран со очекувани температури меѓу 37 и 43 Целзиусови степени ја зафатија од денеска северозападна Европа. Се очекува намалување на температурите од петок.
Речиси сите реони на Франција се погодени од горештините, но не се очекува да биде „соборен“ температурниот рекорд од 46 Целзиусови степени од јуни во јужна Франција. Посебно е погоден Париз од новиот топлотен бран – за в четврток се очекуваат температури од 41 степен. Претходниот рекорд од 40,4 степени е од 1947 година.
Високи температури се очекуваат и во Германија. За регионот на Келн се прогнозираат 41 степен, а во провинцијат Сар се очекува да „падне“ рекордот од 2015 година од 40,3 степени.
Заради горештините посебно предупредување за опасно време е објавено во Белгија и Холандија.
Велика Британија в четврток ја очекуваат во југоисточниот дел 37 Целзиусови степени, што е повеќе од досегашниот рекорд за јули од 36,7 степени и се доближува до апсолутниот температурен рекорд од 38,5 степени од август 2003 година.
Во Италија се очекува топлотен бран и поради тоа Министерството за здравство објави за утре опасност во Перуџа, Торино, Бреша и Болцано, додека „температурен аларам“ за в четврток е и за Џенова, Верона, Болоња, Рим, Пескара, Риети.