Штетата поради афлатоксинот е 50 милиони евра неделно

Од:

Млекото во Србија е здраво и безбедно, а непотребно се крева толкава прашина околку афлатоксинот во него, оценени денес Земјоделската комора на Србија.

Според некои проценки штетата поради афлатоксинот изнесува околу 50 милиони евра месечно.

Заклучокот од состанокот е дека најголем проблем за Србија во овој момент е тоа што државата нема национална лабораторија, која ќе го контролира квалитетот на млекото и тоа што немаше рамнотежа на прописите за нивото на афлатоксинот во сточната храна и млекото.

Најголема штета ќе имаат домашните произведувачи на сточна храна, млеко и млечни производи.

Експертите нагласија дека млекото може да биде извор на токсини, за кои афлатоксинот може да биде „лимонада“.

Генералниот директор на „Салфорд“, Слободан Петровиќ изјави дека измената во правилникот за количината на афлатоксинот во млекото е правилна одлука и единствено можно решение, но не се случува само во Србија.

-Оваа одлука не е утврдена поради „Имлек“, туку за услогласување на пропистите за дозволеното ниво на афлатоксин во сточната храна и млекото – истакна Петровиќ.

Тој додаде дека според првичните податоци, „Имлек“ и суботичката млекара ќе имаат штета од 10 милиони евра, поради аферата со млекото, додавајќи дека минатиот викенд „Имлек“ забележа пад на продажбата за 50 проценти.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ