Премиерот на Албанија, Сали Бериша во Тирана изјави дека добрите односите помеѓу Косово и Србија се услов за стабилност на целиот Балкан и од големо значење за решавање на проблемите од минатото.
Бериша на заедничката конференција со премиерот на Косово, Хашим Тачи кој е во еднодневна посета на Албанија, изрази верување дека дијалотот помеѓу Косово и Србија е пресуден за целиот регион и дека сега треба да се спроведат договорите кои што се постигнати во Брисел.
Верувам дека граѓаните на двете држави ќе ги почувствуваат резултатите од договорот во Брисел. Независноста на Косово е добра околност за целиот регион на Балканот. Албанија исто така го подржува членството на Косово во НАТО и Европската унија – изјави Бериша.
Албанскиот премиер ги отфрли обвиненијата дека Албанија сака да ги смени границите и да освои нови територии на Балканот.