Евра и марихуана запленети на Табановце

Од:

Царинските службеници на граничниот премин Табановце вчера во два одвоени случаи спречија обиди за нелегално пренесување на марихуана и девизи.

Во првиот случај околу 19:30 часот при контрола на минибус со македонски регистарски ознаки кој сообраќал на релација Струга-Нови Град пронајдени се и запленети околу 420 грама марихуана.

– При детална контрола на минибусот и личниот багаж на патниците со помош на царинско куче, во преградата од ташната сопственост на лице А.Н., државјанин на Хрватска, пронајдени се четири паковки марихуана, облепени со самолеплива црна лента со вкупна тежина од околу 420 грама, соопшти Царинската управа.

Оваа количина марихуана, се додава во соопштението, во големопродажба на наркопазарите во Европа би достигнала цена од околу 1.600 евра.

– Сторителот и марихуаната беа предадени на инспектори од Одделението за истраги при што е утврдено дека, хрватската државјанка дрогата ја пренесувала заедно со нејзиниот вереник, македонски државјанин со иницијали Б.Б. Двојката, од Хрватска пристигнала во Македонија пред пет дена за да направат подготовки за свадба, се додава во соопштението.

Марихуаната која се обиделе да ја изнесат, ја набавиле во Скопје. Против сторителите, Царинската управа ќе поднесе кривична пријава.

Истата вечер, околу 22 часот, за влез во државата се пријавил српски автомобил, управуван од српски државјанин кој изјавил дека нема ништо да пријави за царинска контрола, но при детален преглед во ранец на задното седиште пронајдени се 24 илјади евра. Од нив 10 илјади евра му се вратени на сопственикот, согласно Законот за девизно работење, а 14 илјади евра се задржани.
Прекршителот е изведен пред Комисијата за одлучување по прекршок на Царинската управа. Расправата е во тек.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони лекови штетни по здравјето на граѓаните

А1он

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ