Министерот Кралев учествува на 22. Конференција на Советот за човекови права во Женева

Од:

Министерот за образование и наука Панче Кралев учествува на 22. Конференција на Советот за човекови права во Женева, на која го презентираше позитивното искуство од имплементација на модулите за инклузивно образование и Меѓународната класификација за функционалности – деца и млади во основните училишта во земјата.

Кралев во своето обраќање истакнал дека предизвик во иднина ќе биде начинот на кој треба да се гледа на децата со посебни потреби, потенцирајќи ги нивните способности и фокусирајќи се на тоа како да се надминат бариерите и предрасудите.

– Квалитетот на образованието преставува една од најважните компоненти во креирањето квалитетна инклузивна образовна средина и поради тоа во моментот се подготвува Национална програма за обучување на наставниците која е во целост усогласена со светско признатиот „Социјален модел“ за работа со деца со посебни образовни потреби. Програмата вклучува алатки и техники кои им помагаат на наставниците да идентификуваат, проценат и развијат индивидуални наставни програми, истакнал Кралев.

МОН соопшти дека учеството на министерот е поддржано од Регионалната канцеларија на УНИЦЕФ за Централна и Источна Европа и земјите од заедницата на независни држави, со седиште во Женева.
На конференцијата се презентираат и искуствата од регионот. Обраќања имаат и министерот за образование, наука и технолошки развој на Србија Жарко Обрадовиќ и заменик-министерот за образование и спорт на Црна Гора Весна Вучуровиќ, како и заменик извршниот директор на УНИЦЕФ Јока Бранд.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование