Македонскиот интернационалец во дресот на Цедевита, Владо Илиевски повторно се најде на листата на повредени откако заработи повреда на мускулот. Токму кога Илиевски се врати на натпреварот во претходното коло со Солнок тој повторно се повреди, а неговата екипа загуби. Претходно пропушти два натпревара од АБА лигата и завршницата на хрватскиот куп.
Според прогнозите на лекарите од клубот, Илиевски ќе отсуствува најмалку 3 до 4 недели што значи дека нема да настапи за својот клуб на ниту еден од натпреварите до крајот на АБА лигата.
Цедевита овој викенд игра со Партизан дома, потоа гостува кај Крка, па и следи уште еден натпревар дома со Цибона, а во последното коло оди на гости кај Широки.
Илиевски на досегашните 20 одиграни натпревари има просек од 5 поени, 1,1 скок и 2,2 асистенции по натпревар, а на теренот бил 19,6 минути.