Египетската опозиција одби средба со Џон Кери, поради притисок на САД

Од:

Мохамед ел Барадеј и уште двајца египетски опозиционери ја откажаа средбата со државниот секретар на САД Џон Кери, пренесува БТА.

Хамдин Сабехи, еден од лидерите на Фронтот за национален спас, соопшти дека со Барадеј го отфрлаат американскиот притисок врз египетската опозиција да се откаже од одлуката за бојкот на парламентарните избори, кои почнуваат на 22 април.

Поранешниот египетски министер за надворешни работи Амр Муса, исто така, нема да присуствува на средбата со Кери.

Новиот државен секретар на САД ќе биде во посета на Каиро за време на викендот.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот