Дачиќ: Недобивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ ќе биде лошо, ама нема да биде крај на светот

Од:

Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ, во интервју за франкфуртски „Вести“ вели дека ќе биде лошо доколку Србија не добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ и порача дека Белград ќе стори се да дојде до компромис со Приштина, а како најоптимално решение го наведе формирањето на Заедница на српски општини, пренесува Танјуг.

-Ако не добиеме датум секако дека ќе биде лошо за Србија и не можам да кажам дека ни е сеедно дали ќе бидеме членка на ЕУ или не, но таквата веста нема да биде крај на светот. Ако не успееме да постигнеме договор со Приштина тоа ќе значи дека немало разбирање со другата страна, рече тој.

Запрашан дали 4 март, денот кога во Брисел ќе биде оддржана следната рунда од дијалогот со Приштина, е „денот Д“ за Србија, Дачиќ истакна дека тоа не може да го каже, иако продолжението на дијалогот навистина е важен за Србија.

Тој сепак истакна дека во прашање е повеќевековен проблем што мора постепено да се решава, со барањето компромис меѓу двата става, што во моментов се спротивставени.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ