Францускиот центар во Чикаго Јоаким Ноа, беше главната причина за победата на Чикаго Булс во синоќешниот дуел на домашен терен против Филаделфија севентисиксерс (93:82) од НБА-лигата.
Ноа оствари дури 21 скок и неверојатни 11 блокади со што го урна клупскиот рекорд на Артис Гилмор од 1977 година.
Французинот феноменалната вечер во која оствари трипл-дабл учинок ја комплетира со 23 постигнати поени.