Поднесено обвинение за дилер на дрога

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 39-годишен скопјанец за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што информираат од Обвинителството, на 17 јуни при извршен претрес во домот на обвинетиот била пронајдена наркотична дрога марихуана во вкупна количина од 131,33 грама. Обвинетиот неовластено заради продажба ја држел дрогата спакувана во повеќе предмети во домот.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје доставил и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице, со оглед на тоа што ценел дека и натаму постојат условите заради кои првично бил определен притворот.

Би можело да ве интересира

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски

„Политико“: Белгија се претвори во нарко-држава

Албанските власти екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога

(ВИДЕО) Трамп: Ќе ги убиеме сите што внесуваат дрога во САД

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

Голтна кеса со дрога додека бегаше од полицијата

А1он