Друштвото на писателите на Македонија и Сојузот на бугарските писатели во Софија, в понеделник ќе потпишат договор за соработка.
Како што соопшти ДПМ, договорот ќе го потпишат претседателот на Друштвото на писателите на Македонија Раде Силјан и претседателот на Сојузот на бугарските писатели Николај Петев. Документот предвидува соработка меѓу литературните манифестации, како и преведување дела од македонски на бугарски јазик и обратно.
– Со документот се планира учество на писатели од двете земји на литературни конференции и симпозиуми, како и размена на тематски броеви од доменот на периодиката, стои во соопштението од Друштвото на писателите на Македонија.