Тешко повредено 17-годишно момче во сообраќајка во Прилепско

Од:

17-годишно момче е повредено во сообраќајна несреќа во Прилепско. Според полицијата, вчера во 9.15 часот на крстосницата од улиците Филип Втори и Гоце Делчев во с. Кривогаштани, Прилепско, се случила сообраќајна незгода помеѓу „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 59-годишниот Т. К. од село Кривогаштани и мотоцикл „јујинг“ без регистарски ознаки, управуван од 17-годишниот Ф. Н. од село Свето Митрани, Прилепско.

Во незгодата тешки телесни повреди добил мотоциклистот Ф. Н. и бил пренесен во Градската болница во Прилеп.

Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Би можело да ве интересира

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски