Османи- Чавушоглу: Северна Македонија и Турција остануваат стратешки партнери

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска оствари средба со Министерот за надворешни работи на Република Турција Мевљут Чавушоглу, во рамки на неговата посета на Северна Македонија, на која било разговарано за долгогодишното стратешкото партнерство меѓу двете земји и членството во НАТО.

Османи, како што информираат од неговиот кабинет, посочил дека Турција ја докажала долгогодишната поддршка на нашата земја на нејзиниот пат кон европската и евроатлантската интеграција.

– Традиционално блиските пријателски односи меѓу двете земји се вистински пример за градење на стратешко партнерство, и во таа смисла, со задоволство можам да кажам дека со ратификацијата на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО од страна на Големото народно собрание, Турција ја докажа долгогодишната поддршка на нашата земја на нејзиниот пат кон европската и евроатлантската интеграција, изјави Османи.

На средбата, се вели во соопштението, било разговарано и за билатералната соработка и можностите за нејзино продлабочување во иднина, во рамки на долгогодишното стратешко партнерство, како и за теми поврзани со европската интеграција и перспективите на земјава во претстојниот период, во очекување на почетокот на преговорите во октомври.

Османи и Чавушоглу размениле мислења и за состојбите во регионот, посочувајќи дека успехот во надминувањето на отворените прашања на Северна Македонија со соседите е светол пример на Балканот кој треба да биде мотив и поттик и за останатите балкански земји

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница