Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ овие денови ужива во Дубаи.
На официјалната вечера, која за играчите на АТП ја организираа домаќините, Ѓоковиќ покажа колку е добар и во танцување, при што ја стави во втор план прекрасната танчарка.
Србинот доби аплауз од присутните, но за кратко време се врати на своето место, бидејќи не сакаше премногу да се заморува пред денешниот меч со Италијанецот Сепи.
Елена Георгиевска