Од 18 февруари кога било одложено првото рочиште за предметот „Талир“ на СЈО за приближно пет месеци одложени биле сите девет закажани рочишта поради различни причини, а главната расправа со изнесување на воведните говори уште не започнала. Обвинението за случајот со незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, СЈО го поднесе на 22 ноември 2018 година.
18.02.2019 – Рочиштето е одложено поради отсуство на Илија Димовски за да присуствува на парламентарниот самит на НАТО во Брисел.
07.03.2019 – Рочиштето е одложено поради отсуство на адвокатот на Илија Димовски, Петар Василев, и на адвокатот на ВМРО-ДПМНЕ, Донче Наков.
02.04.2019 – Рочиштето е одложено затоа што одбраната побара 26 искази од сведоци кои не им биле доставени.
16.04.2019 – Рочиштето е одложено поради тоа што претставниците на обвинетата политичка партија, ВМРО-ДПМНЕ, биле зафатени со одржување на претседателските избори.
16.05.2019 – Рочиштетото е одложено поради профатеното барање на адвокатот на обвинетото правно лице, ВМРО-ДПМНЕ, Донче Наков, дека СЈО е неовластен тужител и дека Собранието сè уште не одлучило за автентичното толкување на членот од Законот за СЈО, а новиот Закон сè уште не е донесен.
28.05.2019 – Рочиштето е одложено поради здравствени причини за обвинетиот Леко Ристовски.
12.06.2019 – Рочиштето е одложено. Утврден е само идентитетот на обвинетите.
28.06.2019 – Рочиштето е одложено поради отсуство на поротник.
09.07.2019 – Рочиштето е одложено поради отсуство на поротник.
Обвинението за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ е поднесено против шест физички лица и едно правно лице и тоа: Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски, Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска и политичката партија, ВМРО-ДПМНЕ. Чингаровска призна вина и доби условна казна затвор.
Второто обвинение „Талир 2“, кое се однесува на изградба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ сè уште не е оценето и постојано се одложува.