НБА: Победа на Феникс над лидерот Сан Антонио

Од:

Тимот на Феникс ноќеска направи изненадување со триумфот над екипата со најдобар биланс во НБА лигата Сан Антонио. Играчите на Феникс најпрвин преку Весли Џонсон се изборија за продолжение, откако овој погоди „тројка“ во последната секунда, а потоа на противникот не му дозволија да поентира од игра.

За Сан Антонио ова беше трет пораз на домашен терен и прекината му е низата од 18 победи по ред дома.

Кевин Дјурант го забележа својот втор „трипл-дабл“ учинок во кариерата – 18 поени, 11 скокови и 10 асистенции во убедливата победа (+ 45 разлиа) на Оклахома Сити над Њу Орлеанс.

Голден Стејт не успеа да победи на гостувањето кај Њујорк иако Стефан Кари постигна 54 поени (рекордни сезонава) со 11 тројки од 13 обиди.

Резултати од ноќешните натпревари: Орландо – Сакраменто 101:125, Кливленд – Торонто 103:92, Вашингон – Детроит 85:86, Њујорк – Голден Стејт 109:105, Мемфис – Далас 90:84, Хјустон – Милвоки 107:110, Оклахома Сити – Њу Орлеанс 119:74, Сан Антонио – Феникс 101:105 (продолжение), Јута – Атланта 91:102 и Портланд – Денвер 109:111.

Вечерва на програмата се три натпревари: Индијана – Лос Анџелес Клиперс, Чикаго – Филаделфија и Лос Анџелес Лејкерс – Минесота.

Пласман Источна конференција: Мајами 41-14 (победи-порази), Индијана 36-21, Њујорк 34-20, Атланта 33-23, Бруклин 34-24, Чикаго 32-25,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 45-14, Оклахома Сити 42-15, Лос Анџелес Клиперс 41-18, Мемфис 38-18, Денвер 37-22, Голден Стејт 33-25,…

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он