Британски амбасадор во САД: Администрацијата на Трамп е неспособна

Од:

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп е неспособна и дисфункционална, смета британскиот амбасадор во Вашингтон, Ким Дарок. Тоа се наведува во дипломатски документи до кои дојде весникот Мејл он сандеј.

Дарок смета дека претседателствувањето на Трамп може да заврши катастрофално и понижувачко, се наведува во извештаите што ги испраќал до Лондон.

„Не сметаме дека таа адмнистрација ќе биде понормална помалку дисфункционална, помалку непредвидлилва и помалку дипоматски неспособна, се вели во една од пораките на Дарок.

Тој го оквалификува америуканскиот претседател како нестабилен и некомпетентен.

Според Дарок, статиите за хаос и внатрешни борби во Белата куќа што Трамп ги нарече „лажни вести“, се „во поголем дел точни“.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија