Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ во второто коло на АТП турнирот во Дубаи го совлада шпанецот Роберто Баутист Агута со 2:0 во сетови (6-1 и 7-6).
Српскиот тенисер лесно го доби првиот сет со само еден загубен гем, а во вториот водеше со 5:2, и кога сите очекуваа дека мечот брзо ќе заврши, Баутиста успеа да направи брејк и да остане во мечот.
Потоа следеше „маратонскиот“ десетти гем, во вториот сет каде Новак имаше неколку меч топки, но шпанецот успеа да израмни на 5:5.
Упорниот Баутиста стигна и до тај-брејк, но светскиот рекет број еден не дозволи да се игра и трет сет.
Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра против италијанецот, Адреас Сепи кој го совлада чехот Лукаш Росол.