Шведски обвинител фатен со проститутка

Од:

Главниот обвинител поминал една вечер со проститутка во хотел во Стокхолм, а полицијата по дојава го сочекала на скалите во хотелот, кога излегувал од собата.

Полицајците се нашле во небрано кога сфатиле дека човекот кого го апсат е обвинителот на кој му поднесуваат извештаи за ваков вид криминал.

Тој платил 1.500 шведски круни (околу 232 долари), за сексокт, пренесе весникот Expressen.

Тој ја нашол проститутката од агенција за присдружнички онлајн, а ја искористил можноста при неговото патување со воз.

Вечерта имал испиено половина шише вино и едно пиво.

„Да, јас го сторив тоа за што сум обвинет. Излегов од собата и на скалите бев уапсен од полицијата”, вели обвинителот за весникот Aftonbladet.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица