МКФ ќе го организира Купот на Македонија

Од:

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) ќе биде организатор на завршниот турнир во Купот, во машка конкуренција, додека организатор на завршниот турнир кај дамите ќе биде ЖКК Клубски од Делчево.

Според претседателот на МКФ, Даниел Димевски, точното место на одигрување на Завршниот турнир од машкиот Куп ќе биде соопштено на денот на официјалното извлекување на двојките, односно до крајот на наредната седмица.

Завршниот турнир во Купот во машка конкуренција ќе се одигра од 28. до 31. март, а ќе учествуваат МЗТ Скопје Аеродром, Кожув, Лирија, Фени Индустри, Куманово, Работнички, Струмица и Вардар.

Бранител на трофејот е МЗТ Скопје Аеродром, додека најтрофеен тим во историјата на ова натпреварување е Работнички.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ