Бенитез вели дека не е во Кина за парите

Од:

Рафа Бенитез, кој беше назначен пред два дена како тренер на Далијан Ифан, увери дека парите не го натерале да ја прифати понудата од Кина. Шпанецот го напушти Њукасл на 30 јуни откако истече договорот со „црно-белите“, а еден ден откако ја прифати понудата од Азија. Според англиските медиуми, тој ќе добива 12 милиони фунти годишно.

– За време на мојата кариера, добив многу позначајни финансиски договори, но тие не беа проектот што го барав. Она што го најдов во Далијан е неверојатен проект кој дојде во вистинско време, и тоа беше главен фактор за мојата одлука. Јас го прифатив предизвикот за водење на неверојатен проект во кој ќе ја имам целосната поддршка и доверба на раководството, изјави Бенитез на промоцијата.

Во последниве години, вели тој, многу играчи и тренери што ги познава се преселиле во Кина, па имал можност да ја гледа Суперлигата.

– Ова е првенство со уникатни квалитети. Далијан е историски клуб, кој е еден од најстрастните, во однос на фудбалот, градови во Кина, додаде Шпанецот.

Би можело да ве интересира

Хрватскиот стручњак Бранко Иванковиќ стана нов селектор на кинеските фудбалери

Кинеските фудбалери добија забрана за тетовирање

А1он

Кина воведе лимит на платите на фудбалерите

Ана Ололовска

Бенитез, Покетино, Алегри и Фавр во список на новите сопственици на Њукасл

А1он

По пандемијата во Кина градат стадион вреден 1,56 милијарди евра

Ана Ололовска

Фелаини е првиот фудбалер со КОВИД-19 во Кина

Ана Ололовска