На прес конференција свикана од СДСМ Прилеп хари Локвенец одговори на неколку новинарски прашања.
Новинар: Два пати во рок од три дена СДСМ носи одлука за бојкот на изборите, па би сакал од ваш коментар, дали СДСМ останува дефинитивно на бојкотот или ќе чека нешто да се случи во меѓувреме? И дали можеби Хари Локвенец се спрема да биде кандидат на некоја друга партија?
Хари Локвенец: Прво, зборот бојкот би го сменил со зборот протест. Ние протестираме за да нема бојкот, а не за да има. Водејќи сметка колку се остварливи, реално возможни нашите предлози кои ги дадовме за политички компромис во оваа држава. Значи бојкотот е изнудена акција од страна на Социјал демократскиот сојуз. Од друга страна драго ми е што констатиравте дека во два наврати ние потврдивме една иста одлука. Тоа всушност е главен доказ за единството и решителноста кои во моментов се главна карактеристика на Социјал демократскиот сојуз. Решителност да одиме до крај, до остварување на врвните приоритети на оваа држава.
Што се однесува до второто прашање, морам да бидам искрен, овде не станува збор за лична борба, за функција или за позиција. Овде за прв пат после подолго време станува збор за борба за возвишени идеали. Земјата да се преврти, јас ќе го почитувам ставот на мојата политичка партија.
Новинар: Кој е коментарот на Хари Локвенец лично, и ставот на СДСМ околу последното вчерашно писмо на претставниците на ЕУ со последни апели за надминување на политичката криза? Се гледа ли светло на крајот од овој тунел?
Хари Локвенец: Добра ви е констатацијата или прашањето поврзано со вчерашното писмо на ОБСЕ, на ЕУ и на САД. Јас би сакал да потенцирам дека во изминатиов период ние како партија покажавме дипломатска одговорност, толерантост и флексибилност кон нашиот политички противник. Водејќи сметка дека овие три работи беа носечки во писмото кои го добивме сите вчера, сметам дека истото е адресирано на адреса на власта.