Ако незаконските мигранти не се задоволни со условите во центрите за престој во САД треба да им се каже да не доаѓаат тука, нагласи американскиот претседател Доналд Трамп.
Изјавата беше дадена по објавување извештај на американското Министерство за внатрешна безбедност во кое се признава дека пренатрупаноста и недостиг на безбедност во центри за мигранти во Тексас претставуваат ризик за незаконските мигранти.
Мигрантите немаат достап до топла вода за капење, топла храна и облека.
Во документот се додава дека престојот на мигрантите во центрите трае долго време.
– Ако незаконските мигранти не се задоволни од условите во центрите за престој, едноставно кажете им да не доаѓаат. Така сите проблеми ќе бидат решени. Многумина од нив незаконски мигранти сега живеат подобро отколку што живеат во местата од каде доаѓаат и се во побезбедни услови, напиша Трамп на Твитер.
Во пограничната зона на САД со Мексико со месеци се забележува масовно пристигнување на мигранти од Централна Америка. Во мај 144.000 луѓе биле уапсени и приведени откако незаконски ја преминале границата.