ПЦЕР: Ако ДПМНЕ и мисли добро на Македонија треба да го прифати предлогот на „Сојузот на иднината“

Од:

„Овој настанат политички пожар во Република Макеодонија може да се изгасне само со разум. Сите проблеми кои нема се решат во сегашно време во иднина ќе бидат дупло поголеми.

Ако ВМРО-ДПМНЕ ѝ мисли добро на Република Македонија треба да го прифати предлогот на „Сојузот на иднината“ и да прифати предвремени парламентарни избори доколку опозицијата има еден глас повеќе на советничките листи“, порача партијата на Самка Ибраимовски.

„Со едноумие ја водите државата во ќор сокак, Република Македонија не е ваша сопственост, власта ви припаѓа вам, но државата е на граѓаните, затоа крајно време е да покажете политичка зрелост и да не ја загрозувате иднината на граѓаните.

Со цел да се надмине оваа политичка криза, Ве повикуваме да го прифатите предлот на „Сојузот на иднината“ доколку опозицијата има еден глас повеќе на советничките листи да се распишат предвремени избори.

Искрено се надеваме дека разумот ќе преовладува и дека иднина на Македонија е поважна од се, па дури и од вашата влада“, порачаа од ПЦЕР.

Би можело да ве интересира

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски