Сириски хакери ја презедоа одговорноста за кипер нападот врз Твитер профилот за фотографии на АФП

Од:

Хакерската група „Сириска електронска армија“ ја презеде одговорноста за вчерашниот кибер напад врз Твитер акаунтот на фото одделот на Франс прес, една од најголемите агенции во светот.

Сириските хакери изјавија дека тоа го сториле за таму да „закачат веродостојна информација за ситуацијата во Сирија“, пренесоа руските медиуми.

„По 17.45 часот по локално време профилот @АFPPHOTO беше урнат. Во него закачените документи не се сопственост на агенцијата. Агенцијата ги презеде сите можни мерки за да ја обнови својата нормална активност што е можно поскоро“, го цитираат руските меидуми соопштението на раководството на Франс прес.

Повеќето материјали, сместени на овој сајт, се однесуваат на конфликтот во Сирија.

Во моментов фото одделот на АФП не е достапен за коментари.

Функционирањето на профилот беше замрзнато веднаш по откривањето на упадот.

Страницата на АФП на Твитер се уште не работи, посочуваат руските медиуми.

Според податоците на АФП, „Сириската електронска армија“ обединува хакери, кои ги поддржуваат властите во Дамаск.

Според сајтот на групата, нејзините членови се згрозени од „масовното извртување на фактите за неодамнешните бранувања во Сирија“. Тие тврдат дека „многу страници на социјалната мрежа Фејсбук се создадени специјално за да шират омраза и верска нетолерантност меѓу сирискиот народ, бранејќи ги со нив токму бунтовниците“.

Истата група претходно упадна и во сајтовите на медиумите како „Скај њуз арабија“ и „Ал Џазира мобајл“, се наведува во информацијата.

Раководството на АФП соопшти за хакерски напади врз француската агенција, почнати уште во понеделникот утрината.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Хакери влегуваат во сметките на граѓаните, над 5.000 измамнички трансакции за една година во Македонија