Пенс неочекувано откажа посета на Њу Хемпшир

Од:

Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска неочеувано откажа планиран настан во Њу Хемпшир и се врати во Белата куќа.

Официјални претставници на Белата куќа не ги открија причините поради кои Пенс го откажал патувањето, но неколку пати повторија дека „нема причини за тревога“.

– Тоа нема врска со неговото здравје, ниту станува збор за нешто што е поврзано со националната безбедност, рече висок функционер од Белата куќа.

Портпаролката на Пенс, Алиша Фара објасни дека „излегло нешто што барало негово присуство во Вашингтон“.

– Нема причини за тревога. Потпретседателот едвај чека да отпатува во Њу Хемпшир, напиша Фара на Твитер.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија