Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша закон со кој се предвидува пакет хуманитарна помош од 4,6 милијарди долари за да може федералната влада да се справи со бранот мигранти од Централна Америка на границата со Мексико.
Минатата недела Конгресот ја одобри мерката со која се вклучени храна, медицинска помош и привремени објекти за сместување.
Бројот на лица од централноамерикански и карипски држави кои влегле во Мексико кон САД е зголемен оваа година – во првите три месеци регистрирани се 300.000 луѓе, според мексиканското МВР. На границата меѓу Мексико и САД лани животот го загубиле 442 мигранти. Оваа година таа цифра е веќе 175, меѓу кои 13 се деца.