Почнува 10. патувачко кино МакеДокс

Од:

Со проекција на документарен филм во струшкото село Лабуништа денеска почнува 10. патувачко кино „МакеДокс“.

Традиционално и годинава екипата на „МакеДокс“ е сместена во струшкото село Радожда, а оттаму ќе посети неколку села од двете страни на македонско-албанската граница. Според програмата, предвидени се седум проекции на документарни филмови, четири на македонски и три албански во селата Бучимас (3 јули), Вишни (5 јули), Драслајца (6 јули), Пустец (7 јули), Луково (10 јули) и Лин (11 јули).

Покрај проекциите, паралелно населените места ќе ги посети и патувачката библиотека со книги собрани со донаторска акција, коишто на крајот ќе бидат донирани на Основното училиште во Радожда.

Според најавата, од 5 до 11 јули ќе се одвиваат сесиите на третата генерација „Докуникулци“, кои оваа година ќе работат во формат на камп за креативен документарен филм, а по прв пат и оваа платформа е поставена регионално со учество на млади од 15 до 18 години од нашата земја, но и од Србија и Албанија. Партнери на „МакеДокс“ во овој проект се Академијата за филм и мултимедија „Маруби“ од Тирана, Албанија и Филмскиот фестивал „Слободна зона“ од Белград, Србија.

Патувачкото кино „МакеДокс“ се реализира со поддршка од Агенција за филм, Амбасадата на Германија и Western Balkans Fund.

Би можело да ве интересира

Oтворен повик за петтата генерација „Докуникулци“ на „МакеДокс“

Ана Ололовска

Четвртото издание на МакеКоПроДокс форумот на 13. „МакеДокс“ на 22 август почна со затворена сесија на Балканската мрежа

Ана Ололовска

Отворена изложбата „Спојка“ на почетокот на четвртиот ден на 13. „МакеДокс“

Ана Ололовска

Отворање на 13. „МакеДокс“ на 18 август во Куршумли-ан

Ана Ололовска

Земја во фокус – Чешка на 13. МакеДокс“

Ана Ололовска

Бесплатна филмска проекција за загревање за 13. „МакеДокс“

Ана Ололовска