Топлотен бран во Европа, седуммина починати

Од:

Најмалку седум лица починаа во Европа како последица на високите температури, додека во Франција и Шпанија пожарите уништија голема површина земјиште.

За време на викендот од жештините починаа две лица во Франција, две во Шпанија и три во Италија.

Во францускиот регион Гард измерени се температури од 45,9 степени, а опожарени се 550 хектари земјиште, неколку куќи и автомобили.

Еден маж (53) почина додека учествуваше во велосипедската трка во регионот Арјеж, а полицијата ја истражува причината за смртта.

Организаторите ја откажаа трката, бидејќи и други натпреварувачи се пожалиле на мачнини.

Уште еден велосипедист почина во регионот Воклиз, јужна Франција, откако се онесвестил од жештините.

Во Франција, во 25 од 90 административни окрузи, беше усвоена регулатива за ограничување на користењето на водата, првенствено за земјоделството, бидејќи може да влијае на жетвата.

– Жештините ги погодија и лозјата Ероа, каде што е забележана голема штета, вели еден од лозарите.

Поголем дел од пожарите што ја зафатија Шпанија се ставени под контрола, меѓутоа пожарникарите и натаму се справуваат со огнот во Толедо и Мадрид, каде изгоре голема површина земја.

Германската метеоролошка служба предупреди за екстремно топло време, а температурите во некои покраини, како на пример во Саксонија, достигнаа и до 39 степени.

Некои натпреварувачи во атлетската трка што се одржува во Франкфурт колабираа поради високите температури.

Во Италија, папата Франциск, за време на утринската молитва, рече дека се моли за оние кои најмногу се погодено од топлото време – болните, старите, градежните работници и сите кои мора да работат на отворено.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани