ВИДЕО: Три лица загинаа во поплавите во Русија

Од:

Три лица загинаа во поплавите во Иркутската област, соопшти денеска претставник на руското Министерство за вонредни состојби.

– Повредени се 351 лице, вклучувајќи и 33 деца.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека рускиот претседател Владимир Путин е информиран за ситуацијата со поплавите во Иркутската област, но не одговори дали планира да го посети регионот.

Поројните дождови предизвикаа поплави во Иркутската област, каде се зафатени 3.700 домови на околу 9.000 жители. Поплавите погодија 31 населба.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски